
Антонио Рудигер се најде на жесток удар во Германија поради бруталниот старт над играчот на Хетафе, Диего Рико. Дефанзивецот на Реал го удри со колено во глава додека овој лежеше на земја.
Рико смета дека искусниот стопер тоа го направил намерно: “Јасно се гледа дека намерата му беше да ме удри. Јасно гледате како го тргаа соиграчот за да ме удри по лицето. Да ме удреше на вистинското место, ќе ме заковало за тревникот”, рече Рико.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Денеска германскиот весник Билд јавно побара Рудигер да не биде дел од репрезентацијата на Светското првенство следното лето.
“Рудигер не може да патува на Светското првенство. Ова не беше само тежок прекршок, ова беше напад”, наведува Билд и продолжува:
“Не знае да се контролира. Ова беше прекршок што ги остави сите без текст. Ова е однесување кое ги крши основните правила на спортот, а тој го прави тоа постојано. Веќе не е прифатливо.”
“Ни не ни треба во тимот, имаме солидна одбрана со Шлотербек и Тах. Некој што постојано губи нерви не би требало да оди на СП”, наведува Билд.