
Напаѓачот на Спортинг Лисабон Виктор Ѓекереш ја одбил можноста за трансфер во Манчестер Јунајтед, јавува португалскиот медиум “Рекорд”.
Агентите на 27-годишниот фудбалер веќе го информирале претставниците на Манчестер Јунајтед за неговото решение. Досега се тврдеше дека “црвените ѓаволи” имаат желба да го доведат играчот и веќе имале претходни разговори со неговите претставници, сакајќи да бидат информирани за развојот на состојбата околу него.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Различни медиуми тврдат дека Арсенал и Јувентус исто така покажуваат сериозен интерес кон играчот, но досега ниту еден од овие тимови не направил конкретна понуда. Последниве денови се раѓаат бројни гласини за влошените односи помеѓу Спортинг и играчот поради нежелбата на раководството на “лисабонските лавови” да го почитуваат договорот и не го пуштаат играчот да замине во друг клуб за цена од околу 70 милиони евра.
Минатата сезона Ѓеокереш одигра 52 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 54 гола и имајќи 13 асистенции. Неговиот договор со Спортинг е до летото 2028 година.