Дома Фудбал Гасперини се понуди на италијанскиот гигант: Тоа би било круна на мојата кариера!

Гасперини се понуди на италијанскиот гигант: Тоа би било круна на мојата кариера!

Џан Пјеро Гасперини, актуелниот тренер на Аталанта, сѐ уште сонува дека еден ден ќе ја презеде клупата на Јувентус, клубот каде што порасна и освојуваше трофеи на младинско ниво, пишува Николо Шира.

“Враќањето во Јувентус после 20 години би било круна на мојата кариера”, изјави Гасперини за италијанските медиуми. 63-годишниот стручњак помина девет години во Јувентус како играч и тренер на младинските категории, од 1994. до 2003. година. Во тој период, Гасперини водеше младински тим на Јувентус до неколку трофеи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Интересно е што Кристијано Џунтоли, сегашниот спортски директор на Јувентус, сакаше да го донесе Гасперини во Наполи уште во 2019. година. Меѓутоа, тој ангажман не се случи. Гасперини изгради углед како еден од најценетите тренери во Италија благодарение на одличните резултати со Аталанта, која ја претвори во редовен учесник во европските натпреварувања.

Гасперини е познат по својот напаѓачки стил на игра и тактичка иновативност, често користејќи формација 3-4-1-2. Неговата способност за развој на играчи и постигнување успеси со ограничени ресурси му донесе признание во фудбалскиот свет, вклучувајќи две награди за најдобар тренер во Италија (2019. и 2020.)

Своето прво тренерско место во сениорски тим го доби во 2003. година во Кротоне, каде што оствари промоција во Серија Б. Следуваше успешен период во Џенова од 2006. до 2010. година, за време на кој го одведе клубот до петтото место во Серија А. По кратки и помалку успешни епизоди во Интер и Палермо, Гасперини Аталанта ја презема во 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан испрати нова понуда за најдобриот играч во Белгија

Од Милан испратиле нова понуда за играчот од средината на терен на Бриж Ардон Јашари, кој …