Дома Фудбал Гасперини бесен по натпреварот: Овој спорт оди во правец кој нема врска со фудбалот

Гасперини бесен по натпреварот: Овој спорт оди во правец кој нема врска со фудбалот

Аталанта го изгуби натпреварот против Клуб Бриж во осминафиналето на Лигата на шампионите, а тренерот на тимот од Бергамо – Џан Пјеро Гасперини беше бесен по натпреварот.

Во 94. минута од натпреварот Клуб Бриж – Аталанта, судијата досуди пенал за домаќините по еден навистина минимален контакт.


Клучот на иднината! ↓↓↓


Нилсон, кој го избори пеналот, ја презеде одговорноста и постигна гол за победа на неговиот тим со резултат 2:1.

Тренерот на Аталанта веднаш по пеналот замина во соблекувалната, иако натпреварот сè уште не беше завршен – нешто што не се гледа секој ден.

Гасперини одржа прес конференција по натпреварот на која беше видливо бесен.

„Трагично е што овој спорт оди во правец кој нема врска со играта наречена фудбал. Секој има свое мислење за тоа што е пенал, а што не е“, рече Гасперини.

„Сега играчите се фрлаат по теренот барајќи пенали за да ‘украдат’ пенал. Не сум сигурен дека повеќе ги разбирам правилата на фудбалот“, додаде лутиот Италијанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teжок удар за Челси: Мареска остана без главниот напаѓач

Челзи во последно време има пад во формата, а за да бидат работите уште полоши, сега им се…