Дома Фудбал Галатасарај се потсмеа со Мурињо – го сместија во психијатрија (Видео)

Галатасарај се потсмеа со Мурињо – го сместија во психијатрија (Видео)

Фудбалерите на Галатасарај се пласираа во полуфиналето на турскиот куп откако во гостувањето го победија најголемиот ривал Фенербахче со 1:2. По натпреварот на социјалните мрежи на Галатасарај беше објавен цртан филм со кој овој клуб му се потсмеа на тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Турското дерби не помина без тензии и инциденти. Мурињо во гужвата на теренот го зграпчи за нос колегата Окан Бурук. Тренерот на Галатасарај падна и се фати за лицето, а португалскиот тренер во меѓувреме си замина.

На официјалниот профил на Галатасарај се појави краток цртан филм во кој Мурињо најпрво држи конференција за медиумите, споменува противници и картони, а потоа сонува за противничките играчи. Се завршува со сцена во која се буди во психијатриска клиника, облечен во бела кошула.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни за укинувањето на суспензијата на Балогун: Инфантино треба да се срами!

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни го прокоментира укинувањето на суспензијата на ам…