Дома Фудбал Фудбалер на Евертон беше казнет поради новото правило, Грилиш шокиран: Никогаш не сум видел такво нешто!

Фудбалер на Евертон беше казнет поради новото правило, Грилиш шокиран: Никогаш не сум видел такво нешто!

Во последниот натпревар од шестото коло на Премиер лигата, Евертон и Вест Хем одиграа нерешено 1:1 во Ливерпул. Домаќините поведоа преку Мајкл Кин во 16. минута, но Џарод Боуен изедначи за Чеканите во 65. минута. Евертон моментално се наоѓа на деветтото место со осум бодови, додека Вест Хем е претпоследен со само четири поени.

По оваа средба, главна тема беше жолтиот картон за играчот на средината од Евертон, Киернан Дјусбери-Хол. Тој во претходниот натпревар против Ливерпул брзо изведе слободен удар од центарот без дозвола од судијата, што е забрането според новите правила во Премиер лигата оваа сезона. И во дуелот со Вест Хем доби, според некои, прекумерен жолт картон и со тоа ќе пропушти една натпревар поради вкупно петте заработени жолти картони.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


Неговиот соиграч Џек Грилиш ја коментираше одлуката на судиите: “Никогаш не сум видел некој да добие жолт картон за брзо изведен слободен удар. Не сум сигурен кога е воведено тоа правило”.

Се огласи и Дјусбери-Хол, кој на X напиша: “Извинете ако грешам, но некои одлуки ми е многу тешко да ги прифатам”. На негова страна застана и тренерот на Евертон, Дејвид Мојес, по натпреварот.

“Киернан беше одличен за нас. Постигнува голови и креира шанси за другите. Ќе ни недостига во следниот натпревар. Комично е зошто заработи жолр картон вечерва и во претходниот меч. Ова не е смешно само за мене, многу тренери се загрижени поради таквите одлуки”, изјави Мојес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хет-трикот на Мбапе го врати Реал на патот кон победите

Килијан Мбапе продолжи да демонстрира блескава форма. Французинот постигна хет-трик, а Реа…