Во фантастичен натпревар од 5.коло од групата А на Лигата на шампионите, Галатасарај и Манчестер Јунајтед одиграа 3:3. Јунајтед водеше со 2:0 и 3:1, но Турците успеаја да дојдат до бод, а на крајот можеа да остварат и целосен пресврт. Специјалната приказна на овој спектакуларен натпревар е несреќниот камерунски голман на Јунајтед, Андре Онана. Двапати Хаким Зиех постигнуваше смешни голови …