Два исклучително ефикасни и возбудливи натпревари во Лигата на шампиони. Манчестер Јунајтед ремизираше против Галатсарај, Севиља загуби од ПСВ.
Алехандро Гарначо во 11.минута и Бруно Фернандеш во 18.минута обезбедија предност од 0-2 за „црвените ѓаволи“, но до крајот на полувремето Зијех намали на 2:1.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во вториот дел Јунајтед повторно дојде до два гола предност, но следуваше комичен кикс на голманот Онана. Конечните 3:3 беа дело на Керем Актуркоглу.
Севиља исто така испушти два гола предност. Серхио Рамос погоди за водство, а Ел Незири зголеми на 2:0, потоа следуваше комплетен пресврт за ПСВ за конечни 2:3.