Дома Топ вести Голот кој Манчестер Јунајтед го прими не е регуларен. Причината е малку познато правило

Голот кој Манчестер Јунајтед го прими не е регуларен. Причината е малку познато правило

Луд натпревар во Турција полн со пресврти го одбележа 5. коло во Лигата на шампионите.

По само 18 минути гостите водеа со 2:0 со головите на Гарначо и Бруно Фернандеш и се чинеше дека одат кон сигурна победа. Но, тогаш на сцена стапија Андре Онана и Хаким Зиех.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Сепак, има мала дамка на одличниот кам-бек на Галатасарај. Анализата на BeIN Sports утврди дека голот на Зијех не е регуларен затоа што неговиот соиграч Мауро Икарди ги прекршил правилата на фудбалската игра.

Имено, додека Мароканецот изведуваше слободен удар, Италијанецот беше на само 61 сантиметар од играчот на Јунајтед, Расмус Хојлунд, кој стоеше во живиот ѕид, кога шутираше. Тоа е спротивно на правилата на фудбалската игра.

„Кога се изведува слободен удар, ако играчот на напаѓачката екипа е на помалку од 1 метар од „ѕидот“ составен од тројца или повеќе играчи на одбранбениот тим, се доделува индиректен слободен удар“. Сепак, судијата Хозе Санчез не реагираше, ниту неговите помошници од ВАР.

ТУКА можете да го погледнете видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …