Дома Фудбал Италија Лаутаро е блиску да испише историја во Интер

Лаутаро е блиску да испише историја во Интер

Капитенот на Интер Лаутаро Мартинез зад себе имаше фантастични 12 месеци.

По освојувањето на Светското првенство во Катар, брилијантниот аргентински напаѓач оваа календарска година постигна 27 гола во Серија А, четири повеќе од ѕвездата на Наполи, Виктор Осимено, најдобриот стрелец во минатата сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со ваквиот настап Лаутаро се доближи до рекордот на Интер на сите времиња.

Само тројца фудбалери од овој клуб имаат постигнато повеќе првенствени голови во една календарска година од него. Легендите на Интер, Кристијан Виери и Диего Милито имаат по 28, додека славниот Унгарец Иштван Нијерс во далечната 1951 година постигна 32 гола.

На Мартинез му преостануваат уште пет натпревари до крајот на 2023 година за да испише историја.

Последниот првенствен гол го постигна во неделата навечер на „Дербито на Италија“ против Јувентус во Торино, кога погоди за конечни 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…