Јувентус е во потрага по нов спортски директор, пренесуваат италијанските медиуми. Клубот веќе направил контакт со Џанлука Петраки и започнал преговори со него. 53-годишниот директор е без ангажман од 2020 година кога ја напушти Рома. Петраки претходно помина девет години во Торино каде ја доживеа својата афирмација, но не се прослави во Рим. „Бјанконерите“ бараат начин да го стабилизираат тимот, …
