Дома Фудбал Италија Први информации за повредата на Дибала

Први информации за повредата на Дибала

Фудбалерот на Рома Паоло Дибала ќе се приклучи на соиграчите од репрезентацијата за претсојните натпревари затоа што не е потешко повреден, пренесуваат денес италијанските медиуми.

Дибала во неделата не играше за Рома против Аталанта (0:1) затоа што на загревањето пред овој натпревар го повреди мускулот на левата нога.

Веднаш Аргентинецот беше испратен на прегледи на кои се утврди дека станува збор за полесна повреда и тој ќе биде со репрезентацијата за натпреварите со Хондурас и Јамајка, пренесува „Калчомеркато“’.

Дибала ова лето од Јувентус премина во Рома за која во првите шест натпревари постигна три гола и имаше две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Утрово пристигнаа одлични вести за Муриньо и Реал Мадрид!

Реал Мадрид доби утринава вест која може да ги израдува сите во клубот, особено тренерот Ж…