Дома Фудбал Италија Недвед барал отказ за Алегри, Ањели не дозволил

Недвед барал отказ за Алегри, Ањели не дозволил

Јувентус ја нема посакуваната игра од почетокот на сезоната и Масимилијано Алегри добива многу критики поради начинот на кој игра „старата дама“.

Навивачите бараат отказ на Алегри и промена на клупата, но засега управата на Јувентус не разделува од италијанскиот стратег. Меѓутоа „Кориере Дела Сара“ пренесува дека не се сите во управата среќни со Алегри на клупата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според информациите на овој медиум на состанокот кој се одржал помеѓу Андреа Ањели, Павел Недвед, Маурицио Арибавене и Федерико Черубини, чешкиот ас го дал предлогот за отказ на Алегри.

Овој предлог веднаш бил одбиен затоа што Ањели се уште му верува на Алегри и сметал дека под негово водство тимот ќе остане обединет и ќе може вистински да одговори.

Но, се поставува прашањето дали Ањели ќе имал ваков став ако Алегри немаше договор до 2025 година кој значи за него милионска оштета ако предвреме биде раскинат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…