Напаѓачот на Ливерпул, Роберо Фирмињо, продолжи со тренинзи по залечување на повреда на колкот, пренесува „Скај спорт“. Дваесет и седумгодишниот Бразилец поради повреда ги пропушти последните два меча, против Хадерсфилд во Премиер лигата и против Барселона во Лигата на шампиони. Последните информации од Англија говорат дека Фирмињо тренира заедно со своите соиграчи и ќе му биде на располагање на Клоп …

