Дома Фудбал Англија Азар заминува: Познато кој ќе биде нова „десетка“ во Челзи

Азар заминува: Познато кој ќе биде нова „десетка“ во Челзи

Еден Азар после одигрувањето на финалето во Лига Европа готово сигурно ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Реал Мадрид, а сега е откриено кој ќе ја наследи неговата „десетка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми откриваат дека „десетката“ ќе му припадне на младиот Калум Хадсон Одои кој оваа сезона буквално „експлодира“ и се етаблираше во еден од најголемите таленти на Островот.

18-годишниот крилен напаѓач во јануари беше пред трансфер во Баерн Минхен и јавно изјави дека сака да си оди, па клубот за да го убеди да потпише нов договор ќе му го даде легендарниот дрес.

Со тоа Челзи сака да му покаже дека сериозно смета на него како носител на тимот во иднина, па веројатно дека Одој ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ и ќе ги носи дресот со број „десет“.

Што се однесува до Азар наводно неговиот трансфер во Реал Мадрид ќе биде официјализиран на крајот на месецот, а ќе биде „тежок“ 110 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бившиот тимски колега со остри критики за Роналдо: Бесен е заради хет-трикот на Меси!

Пол Сколс, некогашен соиграч на Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед, изрази незадовол…