Дома Фудбал Французите подготвуваат револуција: Фајнал-Фор ќе одлучува за шампионот?

Французите подготвуваат револуција: Фајнал-Фор ќе одлучува за шампионот?

Француската фудбалска федерација сериозно размислува за промена на форматот на натпреварувањето во Лига 1, пишува Л’Eкип.

Според познатиот весник, се разгледува можноста шампионот на државата да биде одлучен преку Фајнал-Фор на кој би учествувале четирите најдобри екипи од регуларниот дел на сезоната.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Во полуфиналето би играл првиот со четвртиот, а вториот со третиот тим. Победниците би одлучиле кому ќе му припадне пехарот.

Причината за ова размислување е фактот дека со години во Франција доминира ПСЖ и дека е практично недостижен за останатите тимови. Со новите правила веројатно сè би било многу поинтересно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Боде Глимт го нокаутира Интер и продолжува да пишува историја!

Минатогодишниот финалист во Лигата на шампионите, Интер, е надвор од турнирот! Ова стана ф…