Дома Фудбал Флуминенсе и Челзи во полуфиналето на Светското клубско првенство

Флуминенсе и Челзи во полуфиналето на Светското клубско првенство

Бразилскиот фудбалски клуб Флуминенсе и англиски Челзи се првите учеснци во полуфиналната фаза на Светското клупско првенство што се одржува во САД.

Флуминенсе на стадионот во Орландо триумфираше над Ал Хилал од Саудиска Арабија со резултат 2:1 (1:0).

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Бразилците водеа по првиот дел со 1:0, првиот погодок беше дело на Матеус Мартинели во 40 минута.

Саудијците успеаја да израмнат во 51 минута преку Маркос Леонардо, а конечниот епилог го постави Херкулес во 70 минута.

Челзи во драматично четвртинале го победи бразилски Палмеирас со 2-1.

Иако натпреварот беше исклучително напнат и двата тима имаа шанси за дополнителни голови, конечниот исход го донесе автоголот на аргентинскиот десен бек Агустин Џај во 83-тата минута. Вечерва се играат полуфиналните натпревари ПСЖ – Баерн и Реал Мадрид – Борусија Дортмунд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вајт го потврди скандалот: Веднаш се јавив во ФБИ!

Раководителот на УФЦ, Дана Вајт изјави дека Исак Дулгариан повеќе не е дел од нивната орга…