
Барселона извојува убедлива победа во реваншот од полуфиналето на Кралскиот куп против Атлетико Мадрид со 3:0, но овој триумф беше засенет од болната елиминација.
Вкупни 3:4 ги одведе “Јорганџиите” во финалето, оставајќи ги Каталонците да жалат за шансите кои ги пропуштија во првиот натпревар.
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Без разлика на тоа, тренерот на “Блауграна” Ханси Флик не го криеше својот гордост за играта која неговите избраници ја покажаа на теренот.
Германскиот стратег после натпреварот истакна дека не може да обвини ништо кога станува збор за залагањето на тимот.
“Сите играчи дадоа сѐ од себе и одиграа фантастичен натпревар. Четвртиот гол не дојде, едноставно, се случува. Имам чувство дека ќе бидеме незапирливи, ако продолжиме вака да играме”, оптимистички е расположен Флик и покрај испаѓањето.
Аларм кај медицинскиот тим: „Како е ова возможно?“
Она што го загрижува Флик многу повеќе од резултатот се новите проблеми со повредите. Списокот на повредени играчи се зголеми со две важни имиња — Кунде и Балде. Германецот прилично строго ја коментираше ситуацијата со физичката подготвеност на тимот.
„Имаме нови повреди, што воопшто не ме радува. Ќе мораме сериозно да разговараме со медицинскиот тим и кондиционите тренери: како можеме да спречиме повреди кај тројца играчи за само една недела?“, се запраша тренерот на Каталонците, соочен со очигледното незадоволство од ситуацијата во клубската амбуланта.