Лош почеток имаше 2025 година за Дани Олмо, барем во однос на неговата кариера. Шпанецот не е регистриран во Ла Лига и нема право на настап за Барселона. Сега, деталите како се чувствува одличниот играч за врска ги пренесе и Ханси Флик.
Олмо беше платен преку 50 милиони евра, но финансиските проблеми на Барселона доведоа до тоа да не можат да го пријават Шпанецот за пролетниот дел од сезоната, што го загрижува и самиот Флик.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Шпанскиот играч за врска веќе со денови е главна тема во светот на фудбалот. Каталонците се уверени дека на време ја предале потребната документација и сега треба да го чекаат зелениот сигнал за Олмо да биде регистриран.
Крајниот рок за пријавување беше 31 декември. Ла Лига одлучи да ги отстрани Олмо и Пау Виктор од пријавените играчи, додека во Барселона се уверени дека тоа ќе се промени.
“Не сакам да зборувам премногу за тоа бидејќи тоа не е моја работа. Мојата работа е да го подготвам тимот за натпреварите. Во контакт сум со претседателот, денеска разговаравме и верувам во клубот”, рече Флик.
Германецот потоа се отвори и кажа дека воопшто не е среќен со моменталната ситуација, исто како и играчите, но дека тоа мора да се прифати.
“Да бидам искрен, не сум задоволен од ситуацијата. Не се ни играчите. Но, работите се какви што се и мораме да ги прифатиме.”
“Морам да ги тренирам играчите и секој треба да ја врши својата работа. Веруваме во клубот. Сум оптимист. Не ни останува ништо друго освен да чекаме.”
Одличниот тренер додаде дека разговарал со Олмо и Виктор и објави дека не им е лесно, но дека размислуваат позитивно.
“Разговарав со Дани и Пау. Ситуацијата за нив не е лесна, но се позитивни и сакаат да играат за овој клуб. Тие се добри и важни играчи за нас.”
“Ќе видиме каква одлука ќе биде донесена и потоа ќе заземеме став. Знам дека ситуацијата не е лесна, но секогаш сум оптимист”, рече Флик.
Флик изјави дека Олмо и Виктор се подготвени за играње натпревари и дека целата ситуација не влијаела премногу на нивната физичка подготвеност.