Дома Фудбал Флик реши голем проблем, Барселона носи големо засилување од Интер

Флик реши голем проблем, Барселона носи големо засилување од Интер

Барселона во јануари сака да го засили дефанзивниот ред откако Андреас Кристенсен се повреди, а се поставува прашање дали ќе игра повеќе Роналд Араухо за Каталонците. Со овој тим се поврзуваат неколку фудбалери, но се чини дека е јасно кој ќе пристигне на Камп Ноу оваа зима.

Ханси Флик оваа сезона има проблеми со одбраната, и сè почна да оди надолу откако Иниго Мартинез летото реши да замине во Ал Наср.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Се покажа дека тој беше клучен дел од одбраната на Барселона, која без него не функционира најдобро, тоа беше очигледно во првиот дел од сезоната.

За да биде полошо, во завршницата на првиот дел од сезоната, повреда доби Андреас Кристенсен, кој по сите изгледи ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната, што претставува голем удар за Каталонците.

Покрај Кристенсен, веќе некое време во составот го нема ниту Роналд Араухо, кој има психички проблеми по натпреварот во Лондон, каде што Барселона загуби од Челзи.

Поради сето ова, раководството на каталонскиот клуб мора да донесе ново засилување во јануари, а регистрацијата ќе биде можно зашто Марк-Андре тер Штеген речиси сигурно ќе оди на позајмица, со што ќе се намали дел од платниот буџет.

Со Барселона се поврзуваат неколку дефанзивци, но информациите кои пристигаат од Шпанија укажуваат дека Стефан де Врај е играчот кој ќе ја продолжи кариерата во каталонскиот клуб. Де Врај е веќе неколку сезони член на Интер, но во последно време не е толку стандарден како порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома останува без голема легенда: Си заминува човекот кој повеќе од половина век помина во клубот!

Се завршува една ера за Бруно Конти во Рома. Италијанската легенда се пензионира по неверо…