Дома Фудбал Флик потврди, Барселона без двајца важни фудбалери: Не е паметно да играат утре

Флик потврди, Барселона без двајца важни фудбалери: Не е паметно да играат утре

Барселона утре ќе ја пречека Осасуна во натпреварот од 27. коло на шпанската Ла Лига, а Ханси Флик потврди дека каталонскиот клуб ќе биде без својот најдобар играч.

Како што е познато, Барселона и Осасуна требаше да играат пред две недели, но натпреварот на Монжуик беше одложен непосредно пред почетокот, откако почина член на лекарскиот тим на каталонскиот клуб.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Но, Ла Лига ги изненади двата клуба со одлуката дека мечот ќе се игра на 27 март и тоа на самиот крај од репрезентативните натпревари.

Во Барселона и Осасуна беа изричито против тоа бидејќи знаеја дека ќе бидат ослабени поради играчите што играат за репрезентациите. Сепак, Ла Лига ја одби жалбата и нареди клубовите да го одиграат мечот утре.

Пред овој натпревар, каталонскиот клуб одржа прес-конференција на која Флик потврди дека ќе бидат утре без најдобриот играч Рафиња, кој дури денес се враќа во Барселона откако синоќа играше во Буенос Аирес на мечот Аргентина – Бразил.

Покрај Рафиња нема да биде во составот ниту Роналд Араухо, кој се враќа од Уругвај, а Паук Кубарси ќе остане на клупата бидејќи се повреди на мечот од Лигата на нациите меѓу Холандија и Шпанија.

„Утре нема да сметаме на Роналд Араухо и Рафиња, тие нема да бидат во конкуренција за овој натпревар. Летот со кој доаѓаат е премногу долг и напорен и не е паметно да ги ставиме во конкуренција за мечот. Треба да се одморат, секој час одмор е важен“, рече Флик и додаде.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Најскапото засилување на Челзи повеќе нема да биде на платниот список

Борнмут и Челзи речиси сигурно ќе постигнат договор и Кепа Аризабалага ќе биде и официјалн…