Зимскиот трансфер период ни е сè поблиску, а изгледа дека и Барселона ќе биде активна на пазарот затоа што Ханси Флик на двајца играчи им кажал дека можат да ги спакуваат куферите и да бараат нов тим.
Барселона ќе може да игра сериозна улога на пазарот бидејќи финансиските проблеми конечно се решени, но изгледа дека Каталонците нема да купуваат премногу во јануари затоа што се подготвуваат за летото.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, се очекува дека Барселона ќе биде активна кога станува збор за продажба на играчи, бидејќи Ханси Флик веќе даде зелено светло за одредени фудбалери да го напуштат тимот.
Станува збор за Ансу Фати и Ерик Гарсија, кои не добиваа голема минутажа во досегашниот дел од сезоната, а го кренаа својот глас против тренерот, па како што стојат работите, веќе во јануари ќе ја напуштат Барселона.