Дома Фудбал Флик на меч во Јапонија засекогаш го понижи Тер Штеген – дали крајот е блиску!?

Флик на меч во Јапонија засекогаш го понижи Тер Штеген – дали крајот е блиску!?

Барселона вчера одигра прв подготвителен натпревар за новата сезона и со 3:1 славеше против Висел Кобе. Главната тема е Ханси Флик, бидејќи сите видоа какво нешто направи на Марк-Андре тер Стеген, кој вчера доби јасен знак дека Каталонците повеќе не сметаат на него.

По освоеното сѐ што можеше да се освои во Шпанија минатата сезона, екипата на Барселона започна подготовки со доста оптимизам, а е јасно дека трофејот во Лигата на шампионите ќе биде главната цел во новата сезона.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Екипата на Ханси Флик неодамна ги започна подготовките за новата сезона, а вчера одигра и првиот пријателски натпревар.

Каталонците ќе имаат турнеја низ Азија, која ја започнаа во Јапонија каде што одиграа меч против Висел Кобе и на крај успеаја да победат со 3:1.

Но, главна тема по овој натпревар беше Флик, бидејќи многумина сфатија што му направи на Тер Стеген и на кој начин му покажа на својот сонародник дека повеќе воопшто не смета на него.

“Судирот” меѓу Барселона и Тер Стеген трае веќе неколку месеци, а вчера Флик покажа дека Жоан Гарсија ќе биде новиот прв голман на овој тим, и дека на Германецот нема сериозно да сметаат што му рекле јасно пред почетокот на подготовките.

Но, Тер Стеген одбива да го напушти клубот и замина на операција на грбот, а најлошо од сѐ е што сам изјави дека опоравувањето ќе трае три месеци за Барселона да не го избрише од листата на регистрирани играчи, што имаат право ако опоравувањето трае повеќе од четири месеци.

Тоа беше потег што стави точка на неговата кариера во Барселона по повеќе од десет години. Флик и вчера му даде до знаење дека е отпишан, бидејќи дури му го зема бројот еден на Тер Стеген, што не беше очекувано.

Токму Жоан Гарсија го доби дресот со број еден во кој вчера настапи против Висел Кобе, што стана главна тема, бидејќи такви работи не им се прават на играчите, без разлика што беше збор за подготвителен натпревар.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Луда пресметка: Навивачи се гаѓаа со огномет во Ирска (Видео)

Тензична пресметка меѓу навивачките групи на Дери и Бохемианс ја потресе Република Ирска, …