Дома Фудбал Флик ја реши дилемата – Барселона има еден голман во ЛШ, друг во Ла Лига!

Флик ја реши дилемата – Барселона има еден голман во ЛШ, друг во Ла Лига!

Тренерот на Барселона Ханси Флик потврди денес дека Војчех Шченсни ќе брани до крајот на оваа сезона во Лигата на шампионите, додека Марк Андре Тер-Штеген ќе добие минути во Ла Лига.

Барселона имаше можност повторно да го регистрира Германецот во Лигата на шампионите, но во тој случај мораше да го отстрани Шченсни, кој беше дополнително регистриран за време на сезоната. Сепак, Флик не сакаше да го менува тимот кој победува и најави дека Тер-Штеген ќе ги добие своите минути од викендот кога Барса гостува на Ваљадолид.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


“Шченсни ќе биде нашиот голман во Лигата на шампионите, тоа е конечна одлука. Тер-Штеген ќе биде во ротација во Ла Лига и ќе добие свои минути, можеби веќе во Ваљадолид”, рече Флик.

Барселона го пречекува Интер во среда од 21.00, реваншот е на програмата на 6-ти мај во 21.00 часот на “Џузепе Меаца”.

Фото: Barcelona FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ славеше во првиот дуел против Арсенал (видео)

Пари Сен Жермен ја оствари значајната победа над Арсенал со резултат од 0-1 во првиот натп…