Дома Фудбал Флик е во страшна серија: Кога игра финале – не губи!

Флик е во страшна серија: Кога игра финале – не губи!

Фудбалерите на Барселона синоќа во Џеда го освоија Суперкупот на Шпанија, откако во финалето го декласираа најголемиот ривал Реал Мадрид со резултат 5:2.

На овој начин, Каталонците продолжија да „тероризираат“ својот најголем ривал, кој во октомври во Ла Лига го победија со 4:0 во Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Барса ја освои 15-та титула во Суперкупот и е најтрофеен шпански клуб во ова натпреварување.

„Игравме одлично, тимот беше неверојатен. Можам само да им честитам на играчите. Бевме сложни, заедно се браневме и напаѓавме. Тоа е клучно и се обидуваме да го подобриме од натпревар во натпревар“, изјави тренерот на Барселона, Ханси Флик.

Германскиот стручњак по шести пат водеше екипа во финале и го освои шестиот трофеј. Со Баерн играше во финалињата на германскиот Куп и Суперкуп, Лигата на шампионите, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.

Во фудбалот сум многу години. Целта на големите клубови е да освојуваат трофеи и поради тоа работиме вредно. Сега во секој следен натпревар мораме да покажеме колку сме добри“, рече Флик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо нешто не успеа за првпат после 16 години

И тој е само жив човек, би рекле некои во негова “одбрана” поради тој “п…