Иако постоеше страв кај Каталонците дека Роналд Араухо ќе мора да паузира три до четири недели, Уругваецот веќе е подготвен за враќање во тимот.
Стоперот доживеа повреда на глуждот при гостувањето кај екипата на Севиља изминатиот викенд, но веќе денес тренираше со тимот и ќе биде во составот во понеделник против Рајо Ваљекано.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
„Араухо почна нормално да тренира и ќе биде во составот против Рајо Ваљекано“, потврди Флик.
Сега се надвор од составот само повредените Марк Андре Тер-Штеген, Марк Бернал и Андреас Кристенсен.
Останува да видиме кој ќе биде изборот на Флик во одбраната бидејќи сега се на располагање сите четири стопери и сите се во добра форма – Кубарси, Иниго Мартинез, Ерик Гарсија и повратникот Роналд Араухо.
Да потсетиме, доколку Барселона го победи Рајо Ваљекано во понеделник од 21.00 часот, ќе го преземе првото место на табелата, откако Реал и Атлетико во саботата ремизираа со Осасуна, односно Селта.