Дома Фудбал Фиорентина е последна на табелата, Пиоли доби отказ!

Фиорентина е последна на табелата, Пиоли доби отказ!

По поразот од Лече во десеттото коло на Серија А, управата на Фиорентина го отпушти тренерот Стефано Пиоли. Клубот од Фиренца моментално е на последното место во шампионатот со само четири освоени бода, без ниту една победа.

Иако во Лигата на конференции освоија максимални девет бода, резултатите во првенството беа клучни за оваа одлука.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


– Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Фиорентина. ФК Фиорентина соопштува дека Стефано Пиоли денес е разрешен од должноста тренер на машкиот прв тим. Клубот му се заблагодарува на тренерот и неговиот штаб за професионализмот што го покажаа за време на нивната работа. Техничкото водство на првиот тим привремено му е доверено на тренерот Даниеле Галопи, почнувајќи од попладневниот тренинг денес – се наведува во соопштението од Фиорентина.

Клубот од Фиренца во претходните сезони постојано завршуваше во горниот дел од табелата, успевајќи да се пласира во ЛК, но актуелната сезона изгледа како далечен сон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кристијано Роналдо: Наскоро ќе се повлечам! Веројатно ќе плачам, но ќе бидам подготвен

Британскиот новинар Пирс Морган започна да открива уште делови од големото интервју со Кри…