Дома Фудбал ФИФА обезбеди неверојатен награден фонд за Светското клупсо првенство

ФИФА обезбеди неверојатен награден фонд за Светското клупсо првенство

Меѓународната фудбалска федерација подготвува фонд од милијарда долари за клубовите кои ќе учествуваат на овогодинешното Светско клупско првенство, првото кое ќе биде одиграно во новиот формат.

Повикувајќи се на повеќе извори, BBC известува дека 32 клуба, од кои 12 се екипи од Европа, на ова Светско клупско првенство ќе поделат милијарда долари. Тоа би било првенство со најголемиот награден фонд за клубови.

Може ли Манчестер Јунајтед против "ослабениот" Арсенал!? ↓↓↓


ФИФА се мачеше да најде спонзори, но се чини дека многу работи започнаа со потпишувањето на глобалниот договор за ТВ права со стриминг платформата DAZN крајот на минатата година. Тој договор со емитерот вреди токму милијарда долари.

Клубовите ќе добијат парична награда за самото учество, за поминување на групната фаза и за секој следен чекор до финалето. BBC наведува и дека ФИФА и Асоцијацијата на европските клубови преговараат и за некој вид солидарни исплати на клубовите кои не учествуваат на турнирот. Секако, ECA преговара во име на европските клубови, но се очекува договорот да биде “пренесен” и на клубовите од Африка, Азија и Америка.

Светското клупско првенство за прв пат ќе трае еден месец и ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 14 јуни до 13 јули.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шчесни како никој друг голман на Барселона уште од 2003 година!

Полскиот голман Војчех Шчесни синоќа имаше натпревар од соништата во победата на Барселона…