Дома Фудбал Oд Влаховиќ за Јувентус подобри во Лигата на шампоните се само Игуаин и Роналдо!

Oд Влаховиќ за Јувентус подобри во Лигата на шампоните се само Игуаин и Роналдо!

Душан Влаховиќ повторно погоди за Јувентус, во мечот што заврши со реми против Спортинг.

Српскиот напаѓач мајсторски се движеше и се најде во одлична позиција за да го пречека пасот од Турам и со прецизен удар го испрати во противничката мрежа.

Ова беше деветтиот гол на Влаховиќ во Лигата на шампиони откако се приклучи на Јувентус, а постои и една интересна статистика поврзана со ова.

Односно од фудбалерите кои одиграле 20 натпревари во најелитното клупско натпреварување во последните две децении, само Кристијано Роналдо (12) и Гонзало Игуаин (10) постигнале повеќе голови.

Во Јувентус се задоволни од настапите на Душан Влаховиќ, иако му истекува договорот на крајот на сезоната, тоа не влијае на неговиот ентузијазам и труд. Ќе видиме што му носи иднината во следните месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Куферите на Жозе Мурињо се подготвени!

Жозе Мурињо многу брзо би можел да ги пакува куферите за заминување од Реал Мадрид. Враќањ…