Денес, ФИФА ги доделува своите годишни награди „The Best“. Ова се вторите најпрестижни признанија по Златната топка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последните две години фудбалер на годината во изборот на ФИФА беше Лионел Меси. Аргентинецот и оваа година е номиниран за наградата, откако не беше вклучен во потесниот избор за „Златната топка“ бидејќи повеќе не игра во Европа.
Цеременијата на доделување е во тек, а веќе е доделена наградата „Пушкаш“ за најубав гол во годината.
Таа замина во рацете на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Гарначо за неговиот гол со „ножички“ постигнат против Евертон.
🚨 𝗢𝗙𝗙𝗜𝗖𝗜𝗔𝗟: Alejandro Garnacho's overhead kick against Everton has won the Puskas award for 2024. ⚽🎖️ pic.twitter.com/ebVlrOKcc9
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) December 17, 2024