Дома Трансфер зона Гарначо бара трансфер, се договори со Наполи

Гарначо бара трансфер, се договори со Наполи

Крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо изразил желба до раководството на клубот и тренерот Рубен Аморим да му биде дозволено да се пресели во Наполи.

 Аргентинецот разговараше и со тренерот Антонио Конте, кој исто така беше доста убедлив кон крилниот напаѓач во неговата желба да го привлече во својот тим.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


 Dенеска се очекува нов состанок меѓу шефовите на „црвените ѓаволи“ и спортскиот директор на Наполи Џовани Мана, на кој двете страни ќе се обидат да постигнат договор околу трансферот.

„Кориере дело спорт“ додава дека Италијанците сега се подготвени да ја зголемат понудата на 60 милиони евра за да ги убедат своите колеги од Манчестер Јунајтед да ја прифатат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Винисиус одбил да потпише нов договор

Винисиус ја одбил понудата на Реал Мадрид за продолжување на договорот, иако клубот му пон…