Дома Фудбал ФФМ ја прекина соработката со Ванче Шиков и Љупчо Трајковски!

ФФМ ја прекина соработката со Ванче Шиков и Љупчо Трајковски!

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за кадровски промени, откако ги раскина договорите со кавадаречките тренери Ванче Шиков и Љупчо Трајковски.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Шиков досега беше дел од стручниот штаб на А репрезентацијата, како помошник на селекторот Гоце Седлоски, додека Трајковски работеше во Спортската академија на ФФМ и беше вклучен во младинските селекции. Со најновата одлука, двајцата повеќе нема да ги извршуваат своите функции во рамки на федерацијата.

„Фудбалската федерација на Македонија информира дека Ванче Шиков повеќе не е дел од стручниот штаб на А репрезентацијата на Македонија. Селекторот Гоце Седлоски во наредниот период дополнително ќе одреди замена на неговата позиција. Му благодариме на Ванче Шиков за досегашниот ангажман и придонесот во работата со националниот тим и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера“, се вели во соопштението на ФФМ за отказот на Ванче Шиков.

Во однос на Трајковски, од ФФМ информираа дека соработката е прекината и покрај неговиот ангажман во повеќе улоги, вклучително и во младинските категории и клупскиот фудбал.

„Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информира јавноста дека е донесена одлука за раскинување на договорот со Љупчо Трајковски, кој во моментот ја извршува функцијата спортски директор на ФК Тиквеш, а воедно беше ангажиран како тренер во Спортската академија на ФФМ за генерација 2011 и асистент на селекторот Горан Станковски во репрезентацијата до 15 години. ФФМ изразува благодарност до Љупчо Трајковски за неговиот ангажман и придонес во работата со младите фудбалери, посакувајќи му успех во понатамошната кариера“, информираа од ФФМ за смената на Љупчо Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нејмар збесна: Неверојатно и срамно е тоа што му го направи на синот на Робињо

Голем скандал го потресе бразилскиот фудбал по инцидентот на тренингот на Сантош, во кој г…