Дома Фудбал ФФМ до Беса: Судиите не ве оштетија, Михајлов требаше да биде исклучен!

ФФМ до Беса: Судиите не ве оштетија, Михајлов требаше да биде исклучен!

Oд редовите на Беса гласно реагираа по натпреварот овој викенд и сметаа дека се оштетени во дуелот со Гостивар.

Денес Судиската организација на ФФМ испрати одговор до тетовскиот клуб објаснувајќи зошто судиите постапиле правилно во одредени ситуации од натпреварот.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


„Во 73. минута, фудбалер на Беса изведе удар од агол и центрираше во шеснаесетникот на Гостивар, топката дојде до негов соиграч кој ја удри со глава кон голот на гостинската екипа. Пред него имаше противнички играч кој ја блокираше топката со глава, (темето на главата), иако раката на играчот беше блиску до главата, топката не го удира во рака, топката оди кон голот (не менува правец на движење) и голманот со крајни напори ја избива топката во корнер. Исправна одлука на главниот судија кој дозволи играта да продолжи бидејќи играчот на Гостивар ја удира топката со глава, а не со рака. Во оваа ситуација главниот судија е одлично поставен на само неколку метри од случката и има одлична прегледност на спорниот момент“.

„За спорниот момент во 93.минута, голманот на Гостивар ја имаше топката во свој посед, странично во својот шеснаесетник. Играч на Беса на дозволен начин го нападна голманот и му ја зема топката, потоа голманот со една рака го повлече играчот за дрес и играчот го искористи тој контакт да падне со намера да изнуди пенал. Одлична соработка со првиот асистент и главниот судија каде што двајцата беа блиску до ситуацијата, добро поставени и донесоа добра одлука играта да продолжи. Контактот беше минимален, без интензитет и недоволен за пенал“. 

Нагласија и дека тренерот на Беса, Горзад Михајлов требало да биде исклучен, иако помина само со жолт картон.

Ние како организација, а во консутлација со официјалните лица на споменатиот натпревар донесовме заклучок за добра арбитража на судиската четворка на споменатиот натпревар на кој се исправно се доделени и сите казнени мерки (жолти картони), со исклучок на моментот кога е санкциониран жолт картон кон домашниот тренер Горазд Михајлов, кој според новите критериуми требаше да заработи исклучување поради неспортскиот однос и влегувањето на терен.

Од ФФМ информираа и дека судиите не си ја завршиле добро работата на средбата Работнички – Воска Спорт.

„Како судиска организација, а без притоа да има реакција од ФК Работнички, констатирано е дека се донесени погрешни одлуки на дуелот со ФК Воска.

Помошниот судија Тоше Ицев од Кавадарци е оценет со негативни 7.4 (слаба оценка), поради:

Кренат непостоечки офсајд против ФК Воска во 15. минута (спречена ветувачка акција за гол на гостинската екипа)“.

Кренат непостоечки офсајд против ФК Работнички и ПОНИШТЕН ГОЛ во 52. минута при резултат 0:0“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкомпјутерот најави лоши вести за навивачите на Манчестер Јунајтед

Табелата за крајот на сезоната 2024/25 во Премиерлигата е предвидена од суперкомпјутер, пр…