
Неодамна, Сер Алекс Фергусон го повика играчот кој Манчестер Јунајтед го продаде пред повеќе од десет години.
За време на неговиот престој во клубот, Манчестер Јунајтед освои 13 титули во Премиер лигата и две Лиги на шампиони, како и многубројни други трофеи.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Фергусон одлучи во 2013 година дека е време да се повлече од активното тренирање, а многу тренери потоа се обидоа да ја вратат славата на тимот од Олд Трафорд.
Манчестер Јунајтед во 2014 година одлучи да го продаде Дени Велбек, кој тогаш ја продолжи кариерата во дресот на Арсенал, а беше продаден за околу 25 милиони евра.
За тоа зборуваше Рене Мјуленстин, човекот кој беше асистент на Сер Алекс Фергусон.
„Кога ќе погледнете на историјата на Фергусон во Манчестер Јунајтед, секогаш ангажиравме млади играчи и им дававме шанса да играат.
Луѓето велат дека Дени Велбек не постигнувал голови, но погледнете со кого играше и колку играше на неговата главна позиција“, рече Мјуленстин.