Дома Фудбал Фати заминува од Барселона и ќе игра заедно со Погба?

Фати заминува од Барселона и ќе игра заедно со Погба?

Ансу Фати, некогаш големиот “вундеркинд” на Барселона, овој летен период би можел да се пресели во Монако.

Играчот кој важеше за најголем талент на Барса пред појавата на Ламин Јамал, треба во текот на неделата да ги помине медицинските прегледи и да потпише за клубот од Кнежевството.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Станува збор за позајмица, но Монако ќе има опција потоа да го купи договорот на Фати од каталонскиот клуб.

На 16 години и 304 дена, Фати стана најмладиот стрелец во историјата на Барселона и беше гледан како наследник на Меси, но по неколку ветувачки сезони, падна во сенка на Камп Ноу.

Минатата сезона настапи само на шест натпревари, што јасно покажува дека не е во плановите на тренерот Флик.

Затоа, преминот во Монако би можел да биде шанса за 23-годишниот напаѓач да ја обнови својата кариера Интересно е што тука веројатно ќе игра заедно со Пол Погба кој по суспензијата поради допинг скандалот е пред потпис со овој клуб..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кавани се сели во Кипар

Шампионот на Кипар, Пафос испратил понуда до Единсон Кавани и се во сериозни преговори со …