Кога во летото 2021 година ја наследи „десетката“ на Меси, многумина веруваа дека е во добри раце. Повеќе од четири години подоцна, Ансу Фати е еден од најголемите проблеми на Барселона.
Но, да почнеме од почеток. Најголемиот проблем во овој момент за Барса е желбата на Фати да остане иако по рехабилитацијата од повредата, од втората половина на декември, одигра само половина час во натпреварот од Купот на кралот против нисколигашот Барбастра.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Ханси Флик му кажа јасно дека не смета на него, особено во финалето на Суперкупот на Шпанија кога не беше ниту на клупата, а потоа и во последните две кола од Лигата на шампионите кога исто така остана на трибините.
Фати оваа сезона помина на терен помалку од 200 минути, вкупно на само осум настапи, но и покрај тоа одбива да замине.
Која е причината?
Па, можеби е и затоа што Фати е трет најплатен играч во тимот, веднаш зад Френки де Јонг и Роберт Левандовски. Фати заработува бруто дури 14 милиони евра годишно (на сметката му легнуваат околу 7.000.000), што е огромно оптоварување за буџетот на Барса.