Дома Фудбал Eнрике: Верувам во чесноста на Малага, се додека не се докаже спротивното

Eнрике: Верувам во чесноста на Малага, се додека не се докаже спротивното

Фудбалерите на Барселона утре на домашен терен играат против Еибар во последното коло од Ла Лига оваа сезона.

Барселона сеуште се надева на освојување на титулата, а за тоа потребно е Реал Мадрид да биде поразен од Малага и секако тие да победат против Еибар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тренерот на каталонскиот клуб, Луис Енрике, истакна дека верува во чесноста на фудбалерите на Малага и нивниот тренер Мичел, иако се работи за легенда на Реал.

„Верувам во професионализмот на сите фудбалери и тренерот, додека не се докаже спротивното. Се оглед на тоа дека не можеме ништо да смениме, ќе се фокусираме на нашиот натпревар. Кога ќе ја завршиме нашата работа, ќе имаме време да видиме што направил нашиот ривал“, изјави Енрике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oдбраната пред се: Нема да си верува колку пари потрошил Гвардиола на 25 дефанзивци!

Манчестер Сити го ангажираше дефанзивецот Марк Гуехи од Кристал Палас за сума од 23 милион…