Дома Трансфер зона Eвертон не застанува: Ги сака Џејми Варди и бекот на Баерн

Eвертон не застанува: Ги сака Џејми Варди и бекот на Баерн

vardi

„Карамелите“ во текот на вчерашниот ден го официјализираа трансферот на Тео Волкот, но немаат намера тука да застанат.

Локалниот весник „Ливерпул Ехо“ пишува дека нова мета на Сем Алардајс е фудбалерот на Лестер, Џејми Варди. Како што се наведува, Евертон е спремен да испрати понуда од 30 милиони евра, сепак тешко дека оваа сума би ги задоволила апетитите на сопствениците на „лисиците“. Варди оваа сезона во Премиер лигата постигна девет погодоци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај Варди, на мета на „карамелите“ се наоѓа и бекот на Баерн Минхен, Хуан Бернат. Бернат има ограничена минутажа во редовите на Баерн и наводно сака клуб каде што ќе биде стандарден, а Евертон тоа може да му го овозможи.

Алардајс се обиде Беинс да го замени со Кук Мартин, но се покажа дека позицијата лев бек на не му одговара. Во Баерн Бернат е во сенка на Давиде Алаба и доколку сака да се надева на место во шпанската репрезентација за Мундијалот во Русија мора да пронајде клуб каде што ќе биде стандарден.

Во овој момент не се наведува каква понуда би пристигнала во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…