
Ерлинг Халанд не е само најдобро платениот фудбалер на Манчестер Сити, туку и на целата Премиер лига. Според податоците од Capology, објавени се информации за примањата на играчите во англиската елита.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Халанд заработува неверојатни 32 милиони евра годишно, што е значително повеќе во споредба со второпласираниот Мохамед Салах, чиишто годишни примања во Ливерпул изнесуваат 23,8 милиони евра.
Во однос на играчите на Манчестер Сити, Јошко Гвардиол е на десеттото место по висина на заработувачка во клубот, со годишни примања од 11,9 милиони евра. Тоа е 1,3 милиони евра помалку во споредба со Родри, кој воедно е и актуелен освојувач на Златната топка.
Халандовата плата е значително повисока од останатите во тимот. Најблиските до него се Бернардо Силва и Џек Грилиш, кои годишно заработуваат по 18 милиони евра, додека на четвртото место се наоѓа Омар Мармуш со 17,5 милиони евра.