Дома Кошарка ESPN: Јокиќ повторно ќе биде МВП

ESPN: Јокиќ повторно ќе биде МВП

Никола Јокиќ, српскиот кошаркар, по трет пат во кариерата ќе ја добие наградата за МВП на крајот од сезоната, објави американскиот „ЕСПН“, кој објави неформални гласови, пренесува Спутник.

Никола Јокиќ ја доби наградата за најдобар играч на најсилната кошаркарска лига во светот во 2021 и 2022 година, а многумина сметаат дека требаше да ја земе и претходната сезона, кога му припадна на Џоел Ембид.

Јокиќ сезонава бележи просек од 26,4 поени, 12,3 скока и девет асистенции, и е од големо значење неговиот придонес во тимот, а Денвер се бори за првото место во Западната конференција благодарение на српскиот ас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Саторански ги смири навивачите по страшниот пад: Се чувствувам многу подобро

Чешкиот плејмејкер беше изнесен на носилки на дуелот со Дубаи, но потоа испрати охрабрувач…