
Кристијан Ериксен ја започна својата сениорска кариера во редовите на Ајакс, каде како многу млад играч беше многу забележан.
Добрата игра во холандскиот гигант му обезбеди трансфер во Тотенхем Хотспур, период на кариера по кој е најмногу познат.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во лондонскиот клуб, данецот помина дури седум години, пред да премине во редовите на италијанскиот великан – Интер Милано.
По една многу кратка епизода во Италија, која траеше само една година, се врати во англискиот фудбал и тоа во редовите на Брентфорд.
Претходните три години ги помина во Манчестер Јунајтед, а по истекот на договорот ова лето со Црвените Ѓаволи, стана слободен играч.
Како што сега пренесуваат англиските медиуми, поточно “Дејли Мејл”, тоа нема да биде уште долго случај и тој наскоро ќе стане нов играч на Бернли.
Според наведувањата на овој извор, Бернли веќе се обратил до кампот на Ериксен и започнал преговори, а и самиот Данец е заинтересиран за овој клуб.
Бернли минатата сезона играше во англискиот Чемпионшип од каде од второ место на табелата обезбеди промоција во Премиер лигата.
Навистина интересен избор на нов клуб за Ериксен, на кој ова ќе му биде четврти клуб во кариерата кој доаѓа од Англија.