Дома Фудбал Ериксен летово го напушта Манчестер Јунајтед

Ериксен летово го напушта Манчестер Јунајтед

Данскиот играч од средниот ред Кристијан Ериксен летово станува слободен агент и според сите показатели нема да биде продолжен договорот со Манчестер Јунајтед.

Оваа вест ја пренесува Фабрицио Романо. Значи, тригодишниот престој на Олд Трафорд се ближи до крај.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Данецот има 33 години, иако оваа сезона ги постигна најдобрите резултати откако е на Театарот на соништата. На 27 натпревари во сите натпреварувања постигна четири гола и имаше четири асистенции.

Вкупно откако дојде во Манчестер Јунајтед одигра 99 натпревари, постигна седум голови и даде 17 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oд Влаховиќ за Јувентус подобри во Лигата на шампоните се само Игуаин и Роналдо!

Душан Влаховиќ повторно погоди за Јувентус, во мечот што заврши со реми против Спортинг. С…