Дома Фудбал Eмотивно се збогуваше: И Тадиќ наредната сезона ќе игра во друг клуб

Eмотивно се збогуваше: И Тадиќ наредната сезона ќе игра во друг клуб

На својот Инстаграм профил, Душан Тадиќ објави емотивна порака со која се збогуваше од навивачите на Фенербахче.

По две години, поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија ја заврши својата авантура во Истанбул, и се шпекулира дека би можел повторно да го носи дресот на Ајакс, каде што ја прикажа најдобрата форма во својата кариера.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тадиќ им испрати емотивна порака на навивачите на турскиот гигант.

„По две незаборавни години, дојде моментот да се збогувам од овој неверојатен клуб. Фенербахче засекогаш ќе има посебно место во моето срце. Искрено сум благодарен на моите соиграчи, стручниот тим и сите зад сцената: вашата поддршка и преданост ми значеа се.

На неверојатните навивачи: ви благодарам за страста, љубовта и енергијата во секој натпревар. Никогаш нема да ги заборавам моментите кои ги делевме! Клубот го посакувам само успех и среќа во иднината. Винаги ќе ја имате мојата поддршка!“, напиша Тадиќ на својот Инстаграм профил.

Најверојатно, Тадиќ е подготвен повторно да го облече дресот на Копјаните, по што би можел да остане со клубот, но во поинаква улога. Како што самиот претходно изјави дека по завршувањето на кариерата би сакал да биде тренер, можеби почетокот на неговото ново патување ќе биде токму во Амстердам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ги избра новите капитени по заминувањето на Модриќ

Нова ера во Реал Мадрид наскоро почнува – подготовките за новата сезона стартуваат н…