Дома Фудбал Елмас утре може да заигра на позиција на која никогаш претходно не играл – во одбраната!

Елмас утре може да заигра на позиција на која никогаш претходно не играл – во одбраната!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас би можел да се најде во стартниот состав на Наполи на утрешниот дуел со Спортинг во Лигата на шампионите, но во необична улога – како десен бек. Причина за тоа се бројните проблеми со повреди во одбранбената линија на „наполитанците“.

Конте пред клучниот натпревар остана без Бонџорно и Рахмани, кои се надвор од комбинација поради повреди, додека Спинацола и Оливера се неизвесни, Ди Лоренцо е суспендиран, а Марианучи воопшто не е пријавен за настап во елитното натпреварување.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Спинацола и Оливера тренираат индивидуално, но ќе им дадеме шанса до последен момент“, изјави тренерот на Наполи.

Тој додаде дека во моментов мора да бара алтернативни решенија:

„Ќе бараме решение доколку не се опорават. Доколку имате идеја, слободно дајте ми предлог“.

„Дури и да сакам да ја променам формацијата и да играм со петмина во одбрана, тоа е невозможно бидејќи на располагање имам само двајца централни дефанзивци“.

„Една опција е Елмас да игра како десен бек, ќе почекаме и ќе видиме каков ризик да преземеме“.

Така, можно е македонскиот фудбалер да добие нова улога и историски првпат да се појави на позицијата десен бек во дресот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Знаете ли кој го даде последниот гол за Италија на едно Светско првенство?

Италијанската фудбалска репрезентација, по поразот на пенали од Босна и Херцеговина во Зен…