
Напаѓачот на Рома Стефан Ел Шаарави е пред разделба со клубот, јавуваат италијанските медиуми.
Играчот роден во 1992 година се покажува како еден од непотребните во шемата на тренерот Џан Пјеро Гасперини и клубот ќе се обиде да се раздели со играчот уште оваа зима за да отвори простор за нови засилувања.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Од раководството наскоро ќе започнат преговори за раскин на договорот на Ел Шаарави, кој завршува во јуни, пишува “Кориере дело спорт”.
Напаѓачот има сè поограничено играчко време и досега има одиграно само 591 минута во 18 натпревари во сите турнири оваа сезона.