Дома Фудбал Ел Класико на друг теерен: Барса и Реал во битка за фудбалер на Борусија

Ел Класико на друг теерен: Барса и Реал во битка за фудбалер на Борусија

Започнува трката за еден од најдобрите дефанзивци во светскиот фудбал.

Нико Шлотербек покажа дека е подготвен за големи предизвици, а на 26 години, е решен да направи нов чекор во својата кариера и да се приклучи на некој од водечките европски клубови. Борусија е свесна дека не ќе може долго да го задржи во Вестфален, но „милионерите“ се надеваат на значително обесштетување, според информациите од Билд.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Познато е дека Ханси Флик сака својот сонародник во Барселона, но сега и најголемиот ривал на Каталонците се вклучи во трката за неговиот потпис. Реал Мадрид е подготвен да понуди 34,5 милиони евра за овој силен дефанзивец, но тоа нема да биде доволно.

Понудата е всушност тактичко испитување на теренот од страна на „кралскиот клуб“, бидејќи од Германија реагираа. Во Дортмунд бараат 70 милиони евра за својот боец. Иако „бланкосите“ нудат младите таленти Дијего Агуадо и Гонзало Гарсија како дел од зделката, не се убедени во Рур дека ова би било профитабилно за нив.

Шампионот на Европа од 1997 година треба да биде внимателен и да се подготви за еден вид на компромис, бидејќи договорот на Шлотербек истекува летото 2027 година. Ова значи дека за шест месеци ќе влезе во својата последна фаза, што ќе привлече внимание од големите клубови да го осигураат неговото потпишување без обесштетување.

Шлотербек остава отворена врата и за можноста Бајерн од Минхен да покаже интерес, што е честа практика во германскиот фудбал. Минатото лето се споменуваше и Ливерпул, додека стандардниот репрезентативец на Германија оваа сезона одигра 18 натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aкцијата на сезоната во Премиер лигата: Учествуваа сите 11 на теренот (Видео)

Сандерленд и Лидс завршија нерешено 1:1 во 18. коло на Премиер лигата. Домаќините поведоа …