Дома Фудбал Екс-фудбалер на Јувентус: Носев сукња, сите ми викаа дека сум геј!

Екс-фудбалер на Јувентус: Носев сукња, сите ми викаа дека сум геј!

Федерико Бернардески, по враќањето во Италија, одлучи да зборува отворено за еден од проблемите во фудбалот – хомофобијата.

Поранешниот играч на Фиорентина, Јувентус и Торонто, а сега нов член на Болоња, беше гостин во популарната емисија БСМТ, каде што се потсети на тешкиот период од младоста кога поради неговиот изглед и облека го етикетираа како геј и го напаѓаа.

Македонија се дави во ѓубре - решението го бараме во Данска


“Пред 12 години носев здолниште. Па што? Ако ми се допаѓа, ќе го носам. Почнаа да зборуваат дека сум геј. Ако и сум, каква врска има тоа? Зар не го кажувам? Всушност, би бил горд. Симнувам капа на оние кои ги ослободуваат своите вистински чувства”, изјави поранешниот репрезентативец на Италија.

Бернардески не крие дека таквите коментари длабоко го погодиле на почетокот на неговата кариера.

“Во тоа време имав 20 години. Читањето на тие зборови ме повредуваше, страдав”.

Додаде и важна порака за младите кои се соочуваат со осуди поради својата различитост.

“Мислам дека сите треба да се прашаме, дали е навистина толку важно што другите мислат за нас? Зошто да бидеме затвореници на туѓи мислења”, праша тој.

Бернардески, по авантурата во МЛС со Торонто, се врати во Италија и потпиша за Болоња, каде се обидува да ја оживее кариерата.

“Сретнав прекрасна група луѓе со важни вредности. Водени се од ветерани кои поминале низ тешки сезони и знаат што значи заедништвото”.

Досега сезонава Бернардески одигра пет натпревари (207 минути) во Серија А. Не постигнал гол ниту асистенција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Натпреварот на Барселона од трибините вечерва ќе го гледа еден од најголемите непријатели во историјата на клубот!

Барселона вечерва ќе го дочека ПСЖ на свој терен во дербито од второто коло на Лигата на ш…