Ракометарите на Франција синоќа преку Египет се квалификуваа во полуфиналето на Светското првенство по драма во последната секунда од натпреварот во Загреб кога Лука Карабатиќ постигна гол од центарот.
Претходно Французите примија гол за израмнување, а со голот на Карабатиќ тој стана херој на својот тим затоа што ја донесе победата од 34:33 и пласман меѓу четирите најдобри селекции.
И додека траеше големото славје на Французите, Египќаните протестираа сметајќи дека одлучувачкиот гол беше нерегуларен.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Имено, тие истакнуваат дека еден француски играч веќе зачекорил на противничката половина пред Карабатиќ да ја испрати топката и пред да биде даден сигнал за почеток на нападот.
The ultimate heartbreak for Egypt AGAIN
— (Un)informed Handball Hour (@HandballHour) January 28, 2025
Luka Karabatic wins it with 0.3 seconds left of the clock
The Quarterfinal curse for Egypt continues pic.twitter.com/Wq5e45eEqk
Египќаните тоа го посочија на македонскиот судиски пар кој навистина го проверуваше голот преку видео анализа, но приоритет беше да се утврди времето кога е постигнат голот.
Франција така во полуфиналето ќе игра против Хрватска која исто така по драма ја победи Унгарија со резултат 31:30.
Вториот полуфинален пар ќе биде познат вечерва кога ќе се одиграат четвртфиналните натпревари меѓу Данска и Бразил и Португалија и Германија.