Дома Останати Кошарка Eдвардс МВП – Јокиќ и Дончиќ потфрлија на „ол-стар“ натпрерварот: Се радуваа младите ѕвезди на САД

Eдвардс МВП – Јокиќ и Дончиќ потфрлија на „ол-стар“ натпрерварот: Се радуваа младите ѕвезди на САД

Ентони Едвардс долго време самоуверено изјавува дека е решен да стане најдобриот кошаркар на светот.

Кошаркарот на Минесота во неделата доби можност да го совлада Тимот на Светот благодарение на интересниот нов формат на НБА Ол-Стар натпреварот, а потоа постигна уште една победа против составот од американски ветерани.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Едвардс ги водеше своите “Ѕвезди” до убедлива победа со резултат 47:21 против тимот “Ленти”, во кој играа Леброн Џејмс и Кавари Ленард.

Четвртиот формат на Ол-Стар натпреварот во последните четири години ги спои два тима од американските играчи против селекцијата од остатокот на светот, со цел да се разбуди националната гордост кај кошаркарите и навивачите.

Резултатот беше позитивен, три возбудливи мини-натпревари во групната фаза од турнирот беа решавани во последните моменти, пред да следи убедливото финале.

Едвардс ја освои својата прва Ол-Стар МВРП награда, која го носи името на Коби Брајант, благодарение на тројката за изедначување со која ги заврши 13-те поени во првиот натпревар, потоа 11 поени во вториот и осум поени во помалку драматичното финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Joкиќ го препозна христијанскиот симбол на јакната на Таунс – Домениканецот не знаеше што носи (Видео)

Ноќеска во Лос Анџелес се одигра Ол-Стар натпреварот, при што една од највиралните ситуаци…