Дома Фудбал Eдно ново правило во женското финале на Европското првенство се искористи за првпат (Видео)

Eдно ново правило во женското финале на Европското првенство се искористи за првпат (Видео)

Женската фудбалска репрезентација на Англија вчера ја одбрани титулата европски шампионки по изведувањето на пенали, а за прв пат во историјата бевме сведоци на примената на новото фудбалско правило.

Резултатот по 90 минути игра беше 1:1, а во дополнителните 30 минути мрежите мируваа, така што победникот се решаваше преку удари од белата точка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Англичанките победија при фрлањето на паричката и избраа да шутираат први, а прва со топката се соочи Бет Мед.

Напаѓачката на Арсенал успеа да ja измами Keт Кол, но најдобрата судијка во светот Стефани Фрапарт забележа дека Мед при шутот се сопна и двапати ја допре топката.

Тогаш Фрапарт прв пат во историјата ја испрати изведувачката на пенали да го повтори пенало поради двојниот допир. Ова правило беше воведено по контроверзиите кои се предизвикаа со пеналот на Алварез минатата година во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Може ли Роналдо да го достигне невозможното? Во 2026 година има две јасни цели

Кристијано Роналдо низ својата долга и успешна кариера постави многу рекорди, кои на многу…